Monday, July 14, 2008

Google Code Jam


Google Code Jam е алгоритамско натпреварување на кое може да учествува секој. Има примамливи награди, а и натпреварот е одлично организиран (претпоставувам бидејќи го организира Google, но до сега не сум учествувал). Значи на 16 јули ќе има квалификациска рунда каде што ќе се одберат најдобрите 500 кои ќе одат понатаму.

Квалификациската рунда ќе трае 24 часа. Во правилата пишува дека ќе има од 4-6 задачи. Оние што ги дадоа за practice рундата ми се интересни, не се баш многу тешки, но за добар успех сепак треба рутина во кодирање.

Им го препорачувам овој натпревар на сите кои што се разбираат од програмирање, и за почетници се разбира. Нема ништо да изгубат, туку само ќе добијат. Јас можеби ќе учествувам, но имам еден технички проблем кој се обидувам да го решам. Таму треба да се работи со датотеки и се чита влез од фајл, и излезот се испраќа до главниот сервер. Е сега не можам да се одлучам во кој програмски јазик да програмирам. Од кога научив Java пред 2-3 месеци заради codefu натпреварот тој ми стана омилен јазик за програмирање, само проблем е што не знам како да работам со датотеки. Втор омилен јазик ми е C++, го знам прилично добро овој јазик, но имам еден проблем кога читам од датотеки. Се надевам во брзо време ќе го решам ова. C го знам и може да ми послужи, но сепак ми е "понапорен" од C++. За Pascal нема ни да зборувам, него го баталив со завршувањето на Светската Олимпијада по Информатика. Значи ако го решам овој технички проблем со читање и запишување во датотеки учествувам на Google Code Jam. Да си ја пробам среќата.

Здраво

Здраво на сите што случајно или намерно ќе налетаат на мојот блог.

Името на блогот е малку долго ама ми се допаѓа, интересно е. Инаку ќе пишувам на македонски и на англиски. Прво отворив блог на wordpress ама ме изнервира тоа што плугини не се дозволени од "безбедносни причини". Сега за сега мислам дека blogspot ќе ми овозможи најдобар простор за искажување на тоа што сакам да го искажам.

Инаку овој блог е наменет пред се за објавување на моите размислувања, истражувања, искуства во, околу и надвод од светот на компјутерите. Пред се ќе се фокусирам на алгоритмите како основа на информатиката. Исто така и ќе се осврнувам на новата технологија. Се надевам дека овој блог ќе биде интересно место на Интернет.

Кој сум јас? Јас сум Игор Кулев, студент на ФЕИТ (или како си го викаме електро) прва година, всушност сега завршив прва. Имам искуство во натпревари по информатика и ме интересира компјутерската наука, логиката и вештачката интелигенција најмногу.