Thursday, March 11, 2010

CodeFuEdit

Конечно го поставувам програмчево што го направив за парсирање на problem statements од www.codefu.com.mk. Изработено е уште пред година дена, не го објавив тогаш бидејќи има некои багови, не работи за сите типови на задачи, реков дека кога ќе можам ќе го средам ама некако не ми се навраќа кон стар код :) подобро би направил од ново CodeFu parser. Овој кој го поставувам овде е направен буквално за еден ден, не посветив многу време на тестирање и подобрување со менување на кодот и затоа однапред се извинувам доколку не функционира секогаш најдобро... Сепак врши работа, го користам на сите online codefu натпревари. Се користи едноставно, се копира целиот текст на problem statement заедно со примерите и се внесува. Програмата автоматски генерира почетен template за задачата заедно со код за тестирање. Начинот на кој се справувам со тестирањето во main медотот е "позајмен" од познатата алатка со иста функција но за Topcoder - kawagi.


Доколку пронајдете некој баг, слободно пишете во коментар. Не планирам во скоро да правам update на програмчево но добро би било да се знае кога не функционира добро. Исто така ако имате некоја забелешка, слободно пишете.
Верувам дека нема да ви биде тешко да се снајдете со алаткава.
Се надевам ќе ви послужи за codefu натпреварите.
Со среќа :)