Saturday, January 17, 2009

Алгоритми. Вовед.

Многу луѓе кои се занимаваат со информатичка технологија малку знаат за тоа што се алгоритми. Напишав еден мал вовед во тоа што се алгоритми. Сите оние што се ентузијасти во полето на информатичката технологија е неопходно да имаат барем општи познавања од алгоритмите. Тоа е еден посебен свет на размислување, техники за решавање на проблеми, употреба на логика за да се стигне до резултат. Многу од помладите се скриени таленти за решавање на алгоритамски проблеми, но за жал, малку нашето образование посветува на тој дел од информатиката кој сепак е најбитен.

Ги земам за пример земјите од соседството. Хрватаска е одличен пример за тоа како треба да се едуцираат млади кадри и пример за тоа како државата се грижи за своите таленти, Бугарија редовно е меѓу првите 10 земји во свет, Романија отсекогаш ги имала едни од најдобрите програмери (зборувам во светски рамки). Наскоро планирам да напишам и за тоа кои земји колку имаат постигнато во полето на програмирањето. Во ова што го напишав и што го поставив овде се вклучени и мои размислувања. Некои од податоците се земени од Интернет (wikipedia).

Дури и доколку не разберете нешто ви советувам да го прочитате до крај, којзнае, можеби ќе откриете со што сакате да се занимавате во иднина... За се што ве интересира слободно контактирајте ме, оставајте коментари и прашувајте. Се надевам дека вие сте новиот талент во програмирање.