Monday, July 14, 2008

Google Code Jam


Google Code Jam е алгоритамско натпреварување на кое може да учествува секој. Има примамливи награди, а и натпреварот е одлично организиран (претпоставувам бидејќи го организира Google, но до сега не сум учествувал). Значи на 16 јули ќе има квалификациска рунда каде што ќе се одберат најдобрите 500 кои ќе одат понатаму.

Квалификациската рунда ќе трае 24 часа. Во правилата пишува дека ќе има од 4-6 задачи. Оние што ги дадоа за practice рундата ми се интересни, не се баш многу тешки, но за добар успех сепак треба рутина во кодирање.

Им го препорачувам овој натпревар на сите кои што се разбираат од програмирање, и за почетници се разбира. Нема ништо да изгубат, туку само ќе добијат. Јас можеби ќе учествувам, но имам еден технички проблем кој се обидувам да го решам. Таму треба да се работи со датотеки и се чита влез од фајл, и излезот се испраќа до главниот сервер. Е сега не можам да се одлучам во кој програмски јазик да програмирам. Од кога научив Java пред 2-3 месеци заради codefu натпреварот тој ми стана омилен јазик за програмирање, само проблем е што не знам како да работам со датотеки. Втор омилен јазик ми е C++, го знам прилично добро овој јазик, но имам еден проблем кога читам од датотеки. Се надевам во брзо време ќе го решам ова. C го знам и може да ми послужи, но сепак ми е "понапорен" од C++. За Pascal нема ни да зборувам, него го баталив со завршувањето на Светската Олимпијада по Информатика. Значи ако го решам овој технички проблем со читање и запишување во датотеки учествувам на Google Code Jam. Да си ја пробам среќата.

1 comment:

Unknown said...

Ajde so sreka neka ti e.

Stane :)