Monday, December 1, 2008

CodeFu, 2008 Seasonal competition!

Во недела 7 декември, во 12 часот ќе се одржи Codefu натпреварот во програмирање. Сигурно повеќето од вас имаат слушнато за овој натпревар кој иако има традиција само две години издигна стандарди за тоа како треба да се организираат натпревари кај нас, а уште поважно, на индиректен начин создаде нови програмери, како што имам кажано, за мене програмер е човек кој што знае да решава проблеми и да размислува "алгоритамски", без навреда кон сите останати. Исто така на тие малкуте квалитетни програмери им го издигна нивото. На овој натпревар задачите се решаваат во Java. Задaчите се алгоритамски и логички и поделени се на тежини.

Мој совет до сите што знаат да програмираат во Java (не треба којзнае колку да си специјалист во Java) но и до тие што не знаат Java , а знаат Pascal, C или C++, да се пријават. Ништо не можат да изгубат туку само да добијат. Java се учи брзо. Од лично искуство кажувам дека да се совлада само тој дел од Java кој ќе ви овозможи да решавате задачи не е многу тешко. Лани специјално за Codefu натпреварот почнав да учам Java и буквално во една вечер ги научив основите на Java. Следниот ден веќе решавав задачи од Codefu. Уште една добра работа. Кога ќе се регистрирате имате пристап до задачите од претходните години. Има околу 50 задачи од различна тежина кои можете да ги решавате и да проверите дали ви се точни или не. Слободно можете да го тестирате системот.

Натпреварот ќе трае 2 часа и ќе се одвива преку Интернет. 5 задачи за 2 часа... малку звучи застрашувачки :) Наградите се примамливи iPod за победникот и уште еден за некој по случаен озбор од оние што имат над нула поени ;) Еве уште една мотивација да учествувате. Што помасовен натпревар значи поголем квалитет на кој ќе се издигнеме сите ние. Секоја чест на организаторите кои ги овозможуваат овие натпревари.

Учествувајте, нема да зажалите!

No comments: